Винер осигурување ги зголеми приходите во Македонија за 41% во 2011 година. Според деловните резултати што ги објави Виена иншуренс груп (ВИГ), најуспешната осигурителна групација во централна и источна Европа, групацијата остварила раст на полисираните премии од 3,4%, реализирајќи импресивни 9 милијарди евра годишна премија. Во исто време компанијата го остварила најдобриот резултат во деловната историја, зголемувајќи го неоданочениот профит за 10 проценти, поточно 560 милиони евра профит во изминатата година. Во сите региони каде што нејзините 54 компании се присутни, групацијата ВИГ продолжила да остварува стабилен и континуиран раст, забележувајќи солидни резултати. Во Македонија Виена иншуренс груп, исто така, оствари фантастичен деловен резултат.
Винер осигурување ги зголеми приходите во Македонија за 41% во 2011 година.
Според деловните резултати што ги објави Виена иншуренс груп (ВИГ), најуспешната осигурителна групација во централна и источна Европа, групацијата остварила раст на полисираните премии од 3,4%, реализирајќи импресивни 9 милијарди евра годишна премија. Во исто време компанијата го остварила најдобриот резултат во деловната историја, зголемувајќи го неоданочениот профит за 10 проценти, поточно 560 милиони евра профит во изминатата година. Во сите региони каде што нејзините 54 компании се присутни, групацијата ВИГ продолжила да остварува стабилен и континуиран раст, забележувајќи солидни резултати.
Во Македонија Виена иншуренс груп, исто така, оствари фантастичен деловен резултат. Имено, Винер - Виена иншуренс груп ја заврши деловната 2011 со зголемување на бруто-полисираните премии за извонредни 41%, продолжувајќи да го зголемува драматично пазарниот удел. Реализиран е пораст на профитот од 60% во годината што е зад нас, а ќе биде целосно наменет за понатамошен развој на функционалната и капитална структура на компанијата.
- Супериорните резултати на ниво на групацијата, остварени во време на тешки економски услови, покажуваат дека ВИГ се раководи со стратешки беспрекорна деловна политика, ориентирана кон максимална финансиска стабилност и континуиран раст. Резултатите на Винер осигурување покажуваат дека во Македонија, граѓаните и деловните субјекти без двоумење решија да ни ја подарат довербата потпирајќи се на врвните услуги што им ги овозможуваме и кои се огледуваат во беспрекорното реосигурително покритие, брзината, достапноста, индивидуалниот пристап кон клиентите и осигурителните продукти прилагодени на сечии потреби и можности - изјави Зоран Нарашанов, генерален директор на Винер осигурување.
Од менаџментот на Винер истакнуваат дека и покрај предизвиците што ги носи деловната 2012 година, тие со сигурност ќе останат доследни во придавањето максимален приоритет на потребите на клиентите, обезбедувајќи конкурентни продукти, додека супериорната услуга и грижа за клиентите и понатаму ќе остане главно обележје на компанијата.